
„Има луѓе кои не веруваат во нас, но ние сме ПСЖ и одиме по пехарот во ЛШ“
Португалецот беше најдобар на теренот, а по средбата кажа дека е задоволен со настапот и верува дека ќе се борат за пехарот во елитното натпреварување.
„Ова беше одлична вечер за нашиот тим. Поголемиот дел од натпреварот го контролиравме. Моравме да се прилагодиме на различни ситуации и успеавме во намерата. Постојат луѓе кои не веруваат во нас, но не се грижиме за тоа. Имаме одлични навивачи, ние сме ПСЖ“, кажа Витиња.
Реваншот меѓу ПСЖ и Арсенал се игра на 7 мај на „Паркот на принцовите“ во Париз.