Во Ливерпул кој дал три гола победил, само Салцбург – не успеа (ФОТО)
И Салцбург во воведните две кола игра импресивно и тоа напаѓачки. Откако го понижија Гент со 6-2, сега успеаа на „Енфилд роуд“ кај актуелниот европски првак да дојдат на чекор до голем бод. Имаа негатива од три гола, стигнаа до 3-3, но на крајот четата на Јирген Клоп победи со 4-3.
Ако ништо друго „биковите“ од Салцбург влегоа во друштво на Барселона, Челси и Реал Мадрид. Само овие три клуба успеале на „Енфилд“ да му дадат три гола на Ливерпул. Но, разликата е што Салцбург е прв што после три дадени гола против „црвените“ не успеал да победи.
Инаку последен пат кога Ливерпул примил три гола дома е во октомври 2014 година или пред точно пет години. Тогаш во меч во Лигата на шампионите, Реал Мадрид славел со 3-0.
4 - FC Red Bull Salzburg became only the fourth team to score three goals away at Anfield in the UEFA Champions League (after Barcelona, Chelsea and Real Madrid), and the only one of those four to fail to win the game. Valiant. pic.twitter.com/XjkC32jyXo
— OptaJoe (@OptaJoe) October 2, 2019