И Елмас ќе ја носи „десетката“ на Диего: Наполи бара од УЕФА цел тим да игра со тој број?

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас би можел да ја облече десетката на легендарниот Диего Армандо Марадона во Наполи, вечерва на мечот со Риека од 21 часот, откако наполитанците побарале од УЕФА во чест на трагично починатата легенда цел тим да игра во чест на својот идол и божество со овој број.

Новинарот на „Скај Спорт“, Франческо Модуњо, кого неодамна Елмас среде вклучување во живо го изненади со славјето после пласманот со Македонија на ЕП, објави дека Наполи чека одговор од УЕФА дали ќе може да излезат на терен против Риека во чест на Диего со десетката на грбот.

„Во моментов се чека зелено светло од УЕФА, целиот тим да излезе со десетката на грбот во чест на големиот Диего“, објави Модуњо.