Херојот на Холандија: Сабајлево и кажав на другарка ми се што ќе се случува на натпреварот

Холандија славеше победа во денешниот натпревар против Полска, а херој на Холанѓаните беше напаѓачот Воут Вегхорст.

Вегхорст во игра влезе во 81. минута кога на семафорот стоеше 1:1 и само две минути подоцна се запиша во листата на стрелци. Тој негов гол за Холандија значеше и важна победа во првото коло на европскиот шампионат.

По натпреварот напаѓачот даде интересна изјава во која порача дека натпреварот од почетокот до крајот се одвивал онака како што очекувал.

„Натпреварот се одвиваше онака како што очекував, знаев што ќе се случи. Можам да ви ја покажам преписката со мојата другарка на која и кажав: „На 20 минути до крајот ќе биде 0:0 или 1:1 и тогаш...“. Голот можеби дојде подоцна, но се случи токму тоа. Навистина ми е тешко да ви опишам како се чувствувам. Среќен сум што постигнав гол помогнав на репрезентацијата на еден ваков голем настан“, изјави Вегхорст.

Во второто коло во петок (21:00 часот) Холандија ја очекува тежок натпревар против еден од најголемите фаворити на турнирот, Франција.