Халанд и Де Брујне на клупа: Пеп и Анчелоти ги избраа составите за дербито

Вечерва во Лигата на шампиони (ЛШ) ќе се соочат Реал Мадрид и Манчестер сити од 21 часот, а шпанскиот гигант ќе се обиде да ја зачува предноста од 3-2 од првиот натпревар.

Тренерите Карло Анчелоти и Пеп Гвардиола ги избраа стартните состави за големото дерби кое ќе се игра во Мадрид, а неочекувани промени беа забележани во составот на премиерлигашот.

Гвардиола реши да направи промени во однос на првиот меч, па на клупата ги остави Кевин Де Брујн и Ерлинг Халанд, а главната улога на теренот ќе ја добијат Фил Фоден и Бернардо Силва.