Халанд го сруши ПСЖ, па најави: Морам да играм подобро и работам на тоа!

Ерлинг Халанд е чудото од дете кое не запира со голови, па денеска со два во мрежата на Пари Сен Жермен ѝ донесе победа по „првото полувреме“ на Борусија Дортмунд (2-1) во осмнафиналето во Лигата на шампионите.

Халанд нормално ја доби наградата за фудбалер на мечот, а по двата гола, со кои стигна до 10 на седум меча во елитното друштво и тоа во својата деби сезона, најави дека уште не е на највисоко ниво.

„Многу сум горд што ја добив наградата за најдобар играч на мечот, ама јас можам упте подобро. И знам дека морам да бидам уште подобар на ова ниво, па работам напорно за да напредувам. Овој резултат е доста опасен, зашто ПСЖ е многу силен тим. Сепак, мислам дека можеме да поминеме во вториот меч“, вели Халанд.

Тој со 10 гола е само вториот тинејџер по Килијан Мбапе со 13 гола, кои успеале да надминат двоцифрен број на голови на оваа возраст – под 20 години.