Халанд даде гол на „Енфилд“ по 7.950 дена откако татко му го матирал Ливерпул (ФОТО)

Машината за голови во Ред Бул Салцбург, Ерлинг Браут Халанд сезонава на 10 меча веќе има 12 гола за австрискиот гигант, а меѓу нив и погодок синоќа против европскиот првак Ливерпул.

Верувале или не, ама после точно 7.950 дена, Халанд јуниор го повторува истото што го направил неговиот татко Алф Инге Халанд, кој погодил на „Енфилд роуд“ против Ливерпул. Халанд сениор дал гол на 26 декември 1997 година за Лидс во поразот на неговиот тим со 1-3. Сега Халанд јуниор, после речиси 22 години го повтори истото – погоди, но неговиот тим загуби.

Младиот Халанд се појави на сцената откако даде девет гола на годинешното СП за младинци во Полска, а од оваа година е дел од Салцбург и веќе на радарот на најголемите европски великани.