Голманот на Генк испиша историја во ЛШ и веднаш се посрамоти (ВИДЕО)

Мартен Вандевурд со само 17 години доби шанса да го брани во Лигата на шампиони на гостувањето кај Наполи. 

Младиот голман не се прослави, бидејќи во третата минута тотално се избламира. По една повратна топка од неговите соиграчи, наместо веднаш да расчисти, реши да дрибла и буквално му подари гол на Аркадиуш Милик.  

Вандевурд и официјално испиша нова историја и стана најмладиот голман што некогаш настапил во Лигата на шампиони.