Голманот на Франција ги нападнал Мбапе и Гризман по поразот од Италија

Франција загуби од Италија со 1-3 на „Паркот на принцовите“ во Париз, а „Л’Екип“ пишува дека по мечот се случила вербална пресметка во соблекувалната на „триколорите“.

Голманот на Франција, Мајк Мењан вербално ги нападнал Килијан Мбапе и Антоан Гризман затоа што не бил задоволен од нивните настапи.

Мењан ги обвинил Мбапе и Гризман дека повеќе се трудат за своите клубови, отколку за својата репрезентација.

Одговорноста за поразот од Италија, сепак, по мечот ја презема селекторот Дидие Дешам кој кажа дека е виновен поради погрешна тактичка поставеност на теренот.