Гнабри се запиша во историјата на ЛШ откако стана – кошмар за Лондон!

Германскиот репрезентативец Серж Гнабри синоќа со два гола од трите за Баерн Минхен против Челси на „Стемфорд бриџ“ беше еден од хероите на баварската гордост, по што германскиот првак практично ечетвртфиналист во елитното друштво сезонава.

Но, освен што арсеналовецот Гнабри му се истури на вториот лондонски ривал на својот бивш клуб сезонава, после четворката на „Вајт Харт Лејн“ во групната фаза против Тотнем, денеска практично и се запиша во историјата на Лигата на шампионите.

Тој стана прв фудбалер во историјата на елитното друштво кој своите први погодоци во ЛШ ги даде против екипи од иста земја, а уште повеќе против екипи од – ист град. Вкупно шест сезонава, како трет најдобар стрелец во ЛШ, зад соиграчот Роберт Левандовски (11) и чудото од дете Ерлинг Халанд (10), Гнабри ги даде против лондонските премиерлигаши и најлути ривали на неговиот екс-клуб од „Емирати“.

Кога веќе арсеналовци не може да уживаат во ЛШ веќе неколку години, барем се радуваат и уживаат во мајсториите на својот екс играч, шегувајќи се дека Лондон сезонава е обоен во црвено баш од него.

Инаку Гнабри сезонава е импресивен, на 30 меча има 17 гола и 10 асистенции во сите натпреварувања.