Фудбалерката која е ѕвезда и на Инстаграм денес потпишува за Јувентус (ВИДЕО)

Како и што се најавуваше заедно со Даглас Луиз во Торино пристигна и неговата девојка Алиша Леман.

Луиз Јувентус го промовираше минатата недела, а денеска во Торино пристигна и Леман која важи за најубавата фудбалерка во светот и на Инстаграм има над 16 милиони следбеници, но исто така е одлична и на теренот.

Двајцата во Торино пристигнуваат од Астон Вила каде што настапуваа во изминатата сезона.

Во англискиот фудбал Леман настапуваше од 2018 година прво Вест Хем, па на позајмица во Евертон и од 2021 беше член на Астон Вила. Кариерата ја започна во швајцарскиот Фаруен.