Финалето меѓу Сити и Челси ќе биде трето англиско во историјата на ЛШ

Манчестер сити и Челси ќе се соочат во финалето на Лигата на шампиони, откако „граѓаните“ беа подобри од ПСЖ во полуфиналето, додека „сините“ го елиминираа Реал Мадрид.

Ова ќе биде трето англиско финале во историјата на елитното натпреварување, по финалето во 2008 година меѓу Челси и Манчестер јунајтед, како и во 2019 меѓу Ливерпул и Тотнем.

Со тоа Англичаните се израмнија по бројот на финалиња по држава со Шпанците.