Фенербахче против Вардар со Џулијано, а без Солдадо

Турскиот гигант Фенербахче ќе го пријави новото засилување Џулијано за пресметката во плејофот во квалификациите за Лига Европа против македонскиот првак Вардар, најавија турските меидуми, што значи дека Шпанецот Роберто Солдадо нема да игра на првиот меч во Скопје в четврток од 20 часот на Националната Арена „Филип Втори“.

Според правилниците на УЕФА, секој тим има можност пред дуел да регистрира дополнително едно засилување, кое би го додал на листата на пријавени, а Турците се решиле за Џулијано, затоа што е во подобра физичка подготовка, а патем и тој треба да го заземе местото на Мирослав Штох. Џулијано ќе биде регистриран наместото на Словакот.

Фенербахче вчера ги започна подготовките за дуелот со Вардар во Скопје, а со тимот работел Џулијано, за разлика од Солдадо, кој сè уште ќе биде под посебен режим и ќе работи одвоено од групата. Солдадо треба да биде замената за Робин Ван Перси во нападот, поради неефективноста на холанскиот напаѓач, за кого Турците во последно време имаат големи замерки и веројатно е дека до крајот на преодниот рок ќе го продадат на Феенорд.

Но сооглед дека регистрацијата на Солдадо во моментов не е завршена, Холанѓанецот ќе биде ударсната сила на Фенер во Скопје, пишуваат турските медиуми.

Џулијано е бразилски репрезентативец, кој во Фенербахче доаѓа од руски Зенит, каде играше во минатата сезона, за трансфер вреден седум милиони евра од Гремио. Претходно беше член на Парана, Интернационал, Гремио, како и на украински Днипро.