Фелипе: Убаво што го споредуваат голот со тој на Марадона, ама јас сум несреќен...
Во првата минута од судиското надополнување, Бразилецот Фелипе со лоб удар постигна прекрасен гол од дваесетина метри. Погодокот сигурно ќе конкурира за еден од најубавите сезонава.
„Вчера одигравме добар натпревар против Розенборг. И покрај желбата за добар резултат, не успеавме. Игравме добро, бевме рамноправен противник, имавме и неколку шанси кои што не ги искористивме. Сега ни останува да мислиме за следните мечеви. Не чекаат уште четири тешки натпревари, но мораме да размислуваме позитивно и да почнеме да освојуваме бодови“, вели Фелипе, за официјалната страница на Вардар.
„Драго ми е за убавиот гол. На секој играч му е драго кога ќе постигне погодок, особено на вакви натпревари. Мене ми е мило поради тоа што за мојот гол го споредуваат со големи светски играчи како што е Марадона. Но, од друга страна несреќен сум што тој убав гол не донесе поволен резултат од ова гостување. Несреќен сум за поразот на тимот и се надевам дека ќе се подобриме резултатски на следните натпревари. Се согласувам со нашиот шеф на стручниот штаб Јаневски дека дека и неискуството е еден од факторите за поразот. Сепак, со овие натпревари го стекнуваме и тоа искуство, и се надеваме дека во идните мечеви ќе дојдат и бодовите и добрите резултати“, изјави бразилскиот интернационалец.