Европскиот првак Ливерпул на колена пред Наполи и Елмас! (ВИДЕО)

Вечерва беа одиграни дел од натпреварите во првото коло од групната фаза во Лигата на шампиони, а македонскиот репрезентативец Елиф Елмас дебитираше во Лигата на шампиони, откако влезе во игра во 75. минута на мечот против Ливерпул (2-0).

Наполи одигра тежок меч против актуелниот европски шампион, но Дрис Мертенс од пенал во 82. минута ги реши „црвените“, а победата на италијанскиот клуб ја потврди Љоренте во 92. минута.

Треба да се спомене дека Елмас е 15. македонски фудбалер, кој настапил во најелитното европско натпреварување.

Салцбург одигра фантастичен меч против Генк, па славеше со 6-2, а вечерва историја испиша младиот Норвежанецот, Ерлинг Холанд, кој постигна хет-трик за едно полувреме.

Останати резултати:

Интер – Славија Прага 1-1
Лион – Зенит 1-1
Ајакс – Лил 3-0
Бенфика – Лајпциг 1-2
Борусија Дортмунд – Барселона 0-0
Челси – Валенсија 0-1