Еврогол на Самарџиќ за еуфорија на српските навивачи на Пратер (ВИДЕО)

И покрај тоа што беше прогласена за тотален аутсајдер, српската фудбалска репрезентација има одличен резултат на почетокот од последната третина од натпреварот против Австрија.

По водството на домаќинот во првото полувреме, Србите израмнија преку Лазар Самарџиќ во 62. минута. Фудбалерот на Аталанта го постигна својот прв гол во националниот тим, но тоа го направи на исклучително атрактивен начин, со бомба од над 20 метри.

Интересно е што тоа беше прв директен на Србите кон голот на Австрија на натпреварот, а погодокот на Самарџиќ предизвика еуфорија кај српските навивачи кои ги има во голем број на Пратер.