Еузебио: Вардар заслужува респект и знаеме што нѐ чека!

Тренерот на Реал Сосиедад, Еузебио Сакарстан изјави дека баскискиот тим е дојден во Скопје да ги освои трите бода против Вардар во третото коло во Лига Европа, но ги пофали црвено-црните кои го заслужиле сиот респект за настапите досега во оваа европска сезона.

Еузебио потенцира дека најважно утре на Националната Арена „Филип Втори“ (19 часот) ќе биде неговите фудбалери да ја преземат иницијативата и да не му дозволат да противникот да ги изненади

„Блиску сме сместени до стадионот, одморени сме и ентузијастички го дочекуваме мечот. Утре нема простор за грешки, одиме на три бода, иако многу го респектираме противникот. Сите се намачија тука во Скопје. Мора да играме концентрирано и одговорно. Ќе повторам Вардар заслужува почит, но дојдени сме за да победуваме. Ние знаеме што не чека тука, со кого се соочуваме и затоа мора сериозно да пристапиме. Вардар има офанзивна игра, имаат контрола врз мечот и ние ќе мора да ја преземеме иницијативата за да ја имаме топката во нозе и да создаваме шанси. Јас очекувам да го сопреме Вардар и тоа ќе биде најважно за да победиме, а точно е дека не ги освоивме сите бодови што требаше да ги освоиме, имавме порблеми во одбраната, но очекуван сето тоа сега да се подобри“, вели Еузебио пред утрешниот меч.