Ерменија го мотивирала Гибралтар: Ја утнаа химната па зажалија (ВИДЕО)

Гибралтар вчера дојде до својата прва историска победа откако е членка на ФИФА и УЕФА. Малата земја успеа да славе со минимални 1-0 на гостувањето кај Ерменија во рамки на Лигата на нации во истата група каде што е и Македонија. 

Ерменците останаа посрамени по 90 минути игра, но очигледно самите се виновни за катастрофата. Можеби најголемата грешка домашните ја направија уште пред да почне натпреварот кога ја утнаа химната на гостинот.

Наместо да се интонира химната на Гибралтар, домаќинот ја пушти онаа на Лихтенштајн. Ова веројанто ги изнервира фудбалерите на Гибралтар, а им даде и дополнителен мотив да го одиграат најдобриот натпревар во својата историја.