Динамо Загреб ја елиминираше Омонија и си закажа меч против Легија

Хрватскиот гигант Динамо Загреб славеше и во реваншот против Омонија со 1-0, па така со вкупни 3-0 се пласираше во следното квалификациско коло од Лигата на шампиони (ЛШ), каде што ќе се соочи против Легија која беше подобра од Флора.

Дуелот на Кипар беше решен со погодок во завршницата кога Лука Менало постигна гол за победа од 1-0, иако во текот на целиот меч темпото го диктираше хрватската екипа и не ѝ дозволи на Омонија да направи изненадување.

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски го одигра цел натпревар за Динамо, додека Аријан Адеми беше надвор од конкуренција поради повреда.

Легија славеше во реваншот против Флора со 1-0, откако го доби првиот меч на домашен терен со 2-1.