Дешамп лично барал да се наполни до врв мрежата на Гибралтар (ВИДЕО)
Сметаат дека „триколорите“ требало да имаат милост и да не се толку алчни при постигнувањето голови. Сепак, во јавноста излезе говорот на селекторот Дидие Дешамп од кој се гледа дека тој лично барал што повеќе топки во противничката мрежа.
„Сите пофалби за вас момци за првото полувреме. Да продолжиме во ист ритам во продолжение од натпреварот. Нека бидат работите колку може поедноставни и кога можеме да постигнеме гол, да го направиме тоа. Водиме со 7-0 и нема застанување, сакам иста одлучност од сите и во продолжение. Рекордот на Франција е 10-0, во наш интерес е да го собориме“, им вели Дешамп на своите фудбалери на полувремето.
Досегашниот европски рекорд изнесуваше 13-0, а го држеше Германија од дуелот против Сан Марино во 2007 година.