Депај со прекрасна „паненка“ дополнително му го загорчи животот на Јуве (ВИДЕО)

Фудбалерите на Јувентус се наоѓаат во ситуација да мора да постигнат најмалку три погодоци до крајот на вечерашната реванш-средба од осминафиналето во Лигата на шампионите против Лион, откако гостите веќе во 12. минута ја удвоија минималната предност од првата средба.

Стрелец беше Мемфис Депај од пенал и тоа прекрасна „паненка“, по несмасниот прекршок што го направи Бетанкур.