Фудбалскиот клуб Црвена Звезда заработи казна од УЕФА поради инциденти од минатата сезона, па вечерва против Каират во реванш натпреварот од второто квалификациско коло во Лигата на шампиони е без најжестоките свои навивачи. 

Стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград сепак нема да биде празен, бидејќи „црвено-белите“ добија дозвола од УЕФА на трибините да бидат деца до 14 години. Илјадници млади навивачи денеска дојдоа на најголемиот стадион во Србија за да ги бодрат фудбалерите на Црвена Звезда во походот кон следната рунда и да го надоместат поразот од 2-1 од првиот натпревар.