Де Брујне ја напушта белгиската репрезентација!?
Тој имаше низа критики за своите соиграчи на натпреварот против Франција кој „црвените ѓаволи“ го загубија со 0-2. Камерите го фатија како на член на стручниот штаб му вели дека ќе се откаже, а беше максимално нездоволен од однесувањето на дел од фудбалерите.
Селекторот Доменико Тедеско идната недела ќе отпатува во Манчестер за да разговара со Де Брујне и веројатно тогаш ќе биде донесена конечната одлука. Фудбалерот на Сити дебитираше за Белгија во 2010 година и оттогаш одигра 107 натпревари и постигна 30 гола.