„Цели 70 години ниту еднаш не беше болен и на стадион закачи Ковид-19 кој го усмрти!“

Мечот во Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Атлетико Мадрид беше посочен како втората „биолошка бомба“ од која ширењето на коронавирусот директно влијаела 33 лица да починат, откако првата ваква бомба од ЛШ, Аталанта – Валенсија во Милано го донесе вирусот во Бергамо и во градот направи – пустош.

Роднини на еден од починатите навивачи на „црвените“, Ричард Мавсон, е жртва од коронавирусот, за кои тие ги обвинуваат властите дека се најодговорни за смртта. Мавсон наводно го закачил Ковид-19 на „Енфилд“ и на 17 април го загубил својот живот, а роднините тврдат – 70 години претходно ниту еднаш не се разболел.

Роднините на Мавсон сега тврдат дека вирусот го донеле навивачите од Мадрид, зашто претходно веќе избувна епидемијата на Пиринеите, а ги обвинуваат британските власти дека воопшто допуштиле гостите да дојдат на стадион.

„Сите ние знаевме дека вирусот е тука и циркулира, ама властите ни рекоа дека сè ќе биде во ред. И ние им верувавме. Ние сме 99 отсто сигурни дека Ричард на стадион го закачи Ковид-19. Нема каде на друго место. Тој речиси и да не излегуваше од дома, а не беше болен цели 70 години ниту еднаш. Тој поминал меѓу групата на навивачи од Мадрид додека одел на стадион. Ама, нас Владата нè убедуваше дека нема да има проблеми, за на крај предоцна да делува. Знаеа што ќе се случи и сепак дозволија вакво нешто. Сега што и да кажан – ништо не им веруваме!“, велат роднините на ливерпуловиот навивач.