Цел стадион се поклони на магијата на Кристијано Роналдо (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо во дуелот против Јувентус покажа зошто е најдобар во светот. Постигна два голови, а вториот ќе се памети и зборува уште долго време.

Дека сите навивачи сакаат фудбалски мајстории, без разлика дали ја направил играч на нивниот омилен клуб или на противничкиот клуб, покажаа фановите на Јувентус, кои со аплауз го поздравија голот со ножички на Португалецот.