Ц. Звезда пред 29 години стана европски првак: Најдоски го сопре, а Панчев го реши Олимпик Марсеј

Македонските фудбалери Дарко Панчев и Илија Најдоски точно пред 29 години години ѝ помогнаа на Црвена Звезда да го освои трофејот во Купот на шампионите, откако во финалето беа подобри од Олимпик Марсеј на пенали.

Регуларниот дел од натпреварот заврши 0-0 на стадионот во Бари, по што за победникот се решаваше во пенал-рулетот, а токму таму Панчев стрелаше од пенал за освојување на титулата.

На патот до финалето, Црвена Звезда успеа да ги совлада и против Грасхоперс, Ренџерс, Динамо Дрезден, како и Баерн Минхен.