![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2024/06/24/229570-bura-vo-turcija-cela-nacija-se-svrte-protiv-montela-poradi-gjuler-video.jpg?itok=uGDx_LDi)
Бура во Турција: Цела нација се сврте против Монтела поради Ѓулер (ВИДЕО)
Поради тоа, скандал предизвика снимката која се појави на социјалните мрежи, а на која се гледа како селекторот Винченцо Монтела му го зема маркерот на тренинг и го испраќа да тренира самостојно. Италијанскиот стручњак сега е под огромен притисок, па мораше да се огласи Турската фудбалска федерација која застана во негова одбрана.
„Пред тренингот, постоеше договор меѓу нашиот стручен штаб и Арда Ѓулер да тренира индивидуално поради повред на препоните. Тренингот кој се гледа на снимката не беше планиран за Арда и нашиот репрезентативец е насочен да тренира само поради претпазливост“, се вели, меѓу другото, во соопштението од Федерацијата.
Монтела и претходно беше цел на критики поради тоа што против Португалија му даде само 20 минути на Ѓулер, но малкумина знаат дека 19-годишниот фудбалер е повреден.