Нема клаузула за откуп, но Милан верува дека може да го задржи Жоао Феликс
Милан и Челси се договорија за позајмица на Феликс до крајот на сезоната без опција за откуп што значи дека Португалецот треба да се врати на Стемфорд Бриџ во јуни.
Но, и покрај тоа што нема опција за откуп, директорот на Милан, Џофри Монкада верува дека ќе може да го задржат.
„Имаме одличен однос со Челси и дури и без откупна клаузула има шанси да го задржиме после јуни“, вели Монкада.
„Тоа ќе зависи од нас и од Жоао се разбира, но е можност“.