Букса ја израдува Полска, Гакпо го врати мечот од почеток! (ВИДЕО)

Возбудлив натпревар играат Холандија и Полска, по половина час е 1-1, два гола и повеќе шанси за погодок.

Холандија тргна офанзивно од првата минута, но Полјаците први се израдуваа на погодок. Букса во 15. минута погоди со глава за водство на Полска од 1-0.

По примениот гол Холанѓаните уште толку додадоа на офанзива, се редеа шанси за гол, Гакпо конечно искористи една и го изедначи резултатот на 1-1.