Бенфика ја наполни мрежата на Хартс, Ренџерс поразен во Полска!

Португалскиот гигант, Бенфика, беше најубедлива вечерва во квалификациите за Лига Европа, тие со 6-1 го совладаа Хартс, Глазгов Ренџерс со 1-2 загуби на гостувањето кај Јгелонија.

Бенфика веќе може да се смета за патник во групната фаза бидејќи Хартс тешко дека ќе се врати од пет негатива во реваншот. А португалскиот клуб и да загуби во плеј-офот од Лига Европа ќе игра во Конференциската лига.

Бојан Миовски остана на клупата за резервни фудбалери, Глазгов Ренџерс со 1-2 беше поразен од Јагелонија.

Противникот на Вардар, КуПС одигра 1-1 на свој терен со Краковија, ЦСКА Софија со 3-0 го побеи Макаби Тел Авив.

Бешикташ со 1-0 славеше на гостувањето кај Храдец Кралове.

Салцбург со 1-0 дојде до триумф над Омонија.