Белингем: Нормално е луѓето да мислат дека Сити е фаворит, но ние сме - Реал Мадрид!

Џуд Белингем вели дека со оглед на тоа што Манчестер Сити минатата сезона освои тројна круна, нормално е луѓето да мислат дека тие се фаворит во утрешната пресметка, но тој верува во својот тим.

Џуд Белингем оваа сезона се промовираше во главен играч на Реал Мадрид, Англичанецот покажа голем карактер и покрај неговата младост.

Утре Реал Мадрид му гостува на Манчестер Сити, а резултатот од пресметката на Бернабеу е 3-3, па според многумина Англичаните се фаворити за пласман во полуфиналето.

„Манчестер Сити ја освои тројната круна, се разбира дека луѓето мислат дека тие се фаворити, но ние сме Реал Мадрид. Имаме верба“, вели самоуверено Белингем.

„ИМа натпревари кои се создадени за Реал Мадрид, затоа и дојдов во Реал Мадрид. Многу сум возбуден и не можам да дочекам да играм“.

„Најважно ми е утре нашиот тим да победи. Треба да бидеме храбри, треба да ја играме нашата игра и да имаме голема самодоверба“.