Белгиски репрезентативец поради тешка повреда бил на операција - шест часа!

Белгискиот фудбалер Тимоти Кастањ нема да игра повеќе на Еуро 2020 затоа што заработи тешка повреда при победата на неговата репрезентација (3-0) против Русија.

Кастањ имаше лош судир со еден од руските ривали во 26. минута од натпреварот, по што заработил сериозни повреди на главата и нема да може да игра фудбал од шест до осум недели.

Фудбалерот бил на операција цели шест часа, а докторите му ги поправиле очните празнини поради што го чека долга пауза, но не и крај на кариерата, иако постоела опасност од такво нешто.