Белгијците се плашат од тероризам, против Израел ќе играат во Унгарија

Организацијата на натпреварот против Израел е една од главните теми во Белгија веќе неколку месеци.

Неодамна беше пренесена информацијата дека сите белгиски градови официјално одбиле да бидат домаќини на тој меч кој треба да се игра на 6 септември, во рамките на Лигата на нации. Војната во Газа игра голема улога во оваа бидејќи Белгија има бројна муслиманска популација и тамошните градови стравуваат од жестоки протести, па дури и од терористички напади.

По долго размислување и анализирање, одлучено е натпреварот да се игра во Унгарија, односно во градот Дебрецен и тоа без присуство на навивачи.