Бејл се посрамоти од пенал, но Ремзи и Робертс го израдуваа Велс (ВИДЕО)

Велс славеше против Турција со 2-0 во вториот меч од групата А, иако резултатот можеше да биде поинаков доколку Герет Бејл не се посрамотеше од пенал.

Арон Ремзи имаше неколку добри шанси во првото полувреме, но не искористи ниту една од нив. Сепак, во 42. минута доби одлична асистенција, која конечно ја претвори во гол и водство на Велс од 1-0.

Во вториот дел Бејл доби шанса од пенал да големи на 2-0, но топката ја испрати над голот на Турција, по што неговата грешка ја поправи Конор Робертс во 95. минута.

Последните минути од мечот ги одбележа голема мешаница меѓу фудбалерите на двете репрезентации, откако Бурак Јилмаз удри еден од играчите на Велс, по што за малку беше избегната тепачка.

Велс со оваа победа се искачи на првата позиција со четири бодови, додека еден помалку од нив има Италија, трета е Швајцарија со еден бод, а Турција останува со празни раце.