Баерн со еден гол си ја заврши работата, Сити и Реал ќе играат продолженија (ВИДЕО)

Само еден полуфиналист е познат по 90 минути игра на вечерашните дуели од Лигата на шампионите кои не понудија ефикасност како претходните.

Баерн на домашен терен го совлада Арсенал со 1-0, а Манчестер Сити и Реал ќе играат продолженија откако по 90 минути игра беше 1-1.

Баерн беше подобар противник во дуелот со Арсенал, но дури во 63. минута успеа да го скрши бедемот пред голот на Раја. Тоа го направи Кимих со глава, по центаршутот на Гереиро од левата страна. Во финишот од натпреварот, Арсенал направи притисок, создаде неколку шанси за гол, но не успеа да го совлада Ноер.

Дербито на четвртфиналната фаза, меѓу Манчестер Сити и Реал ќе понуди уште 30 минути уживање бидејќи и реванш мечот заврши без победник (1-1). Домашниот тим буквално го прегази својот ривал на играчки план, упати 26 шута кон противничкиот гол, но дури во 76. минута преку Де Брујне успеа да го совлада Лунин. Претходно, во 12. минута Родриго со погодок ја круниса одличната акција на Белингам, Валверде и Винисиус.