Баерн Минхен ја понижи Барселона на „Камп Ноу“, Челси се измачи против Зенит (ВИДЕО)

Барселона доживеа ново понижување од Баерн Минхен на „Камп Ноу“ откако вечерва загуби со 0-3 во првото коло од групната фаза во Лигата на шампиони, додека тежок триумф запиша актуелниот европски првак Челси против Зенит од 1-0.

Каталонскиот гигант беше очаен на теренот и немаше ниту еден удар во рамките на голот на Мануел Ноер, што е навистина поразителна статистика за Барселона.

Баварскиот гигант во 33. минута го постигна првиот гол преку Томас Милер, чиј удар се одби од еден фудбалер и заврши во мрежата на Тер Штеген.

Голманот на каталонската екипа беше совладан уште двапати во второто полувреме, и тоа двапати од Роберт Левандовски, кој стрелаше во 56. и 85. минута.

Челси се измачи со гостите од Русија кои играа цврсто во одбраната и не му дозволија на противникот да постигне гол сѐ до 69. минута кога Ромелу Лукаку искористи еден цетар-шут од Цезар Аспиликуета.

Останати резултати:

Динамо Киев – Бенфика 0-0
Лил – Волфсбург 0-0
Малме – Јувентус 0-3
Вилјареал – Аталанта 2-2