Атлетико Мадрид има двајца позитивни со Ковид-19 пред мечот против Лајпциг

Атлетико Мадрид на само четири дена од натпреварот против Лајпциг објави дека двајца нвни фудбалери се позитивни на Ковид-19.

Цела екипа направи тестови на вирусот според препораките на УЕФА, а Атлетико доби навистина непријатна вест пред мечот на завршниот турнир во Лигата на шампиони.

Шпанскиот тим не ги објави имињата на заразените фудбалери, а ќе направи и дополнителни тестови на лицата од клубот кои имале контакт со нив.