Англичаните со ВД селектор против Ирска и Финска?
Најголем фаворит за функцијата е актуелниот селектор на У21 тимот Ли Карсли кој по се изгледа ќе ја води репрезентацијата на натпреварите од Лигата на нации против Ирска и Финска во септември. Карсли работи како тренер веќе 13 години, го водеше Брентфорд, а беше и во стручниот штаб на Ковентри и Бирмингем. Под негово водство, У21 репрезентацијата лани стана европски шампион.
Англија во ова издание на Лигата на нации ќе игра во Б-лигата откако испадна во претходниот циклус, а покрај Ирска и Финска, противник ќе ѝ биде уште Грција.