Анчелоти: Оставка? Тоа го немам направено никогаш во кариерата

Многу шпекулации во италијанските медиуми велеа дека денешниот натпревар против Генк во Лигата на шампиони е последен за Карло Анчелоти на клупата на Наполи. 

Италијанецот по вечерашната победа од 4-0 го одведе својот тим во осминафиналето во елитата, но резултатите во Серија А ја прават неговата клупа многу несигурна. Тој ги искоментира шпекулациите и дефинитивно одговори дека нема да даде оставка, а дали ќе добие отказ, тоа е одлука на претседателот Аурелио де Лаурентис.

„Дали ќе бидам на клупата на Наполи за саботниот натпревар со Парма? Се надевам, но тоа е одлука што треба да ја направиме заедно со претседателот на клубот. Оставка? Никогаш во кариерата немам дадено оставка и мислам дека нема да го направам тоа сега“, изјави Анчелоти.