Адеми со Динамо ја прегази Аталанта, ПСЖ им ја турна „круната“ на „кралевите“ (ВИДЕО)

Вечерва беше комплетирано првото коло од групната фаза во Лигата на шампиони, а ПСЖ запиша триумф од 3-0 против Реал Мадрид во најголемото дерби на вечерта, додека македонскиот репрезентативец со Динамо Загреб убедливо славеше против Аталанта на „Максимир“ со 4-0.

ПСЖ стигна рано во водство, поточно во 14. минута, кога Анхел Ди Марија го матираше Тибо Куртоа, а истиот фудбалер во 33. минута погоди и за 2-0.

Реал Мадрид имаше свои шанси, но едноставно не успеа да ги искористи, иако ја затресе мрежата на ПСЖ двапати, но двата погодоци им беа поништени, а на крајот казната стигна преку Томас Мунир во 91. минута.

Динамо славеше на домашен терен со 4-0 против Аталанта, а херој на вечерта беше Мислав Орслиќ, кој постигна хет-трик, а еден погодок постигна Марин Леовац. Македонскиот репрезентативец асистираше при третиот погодок на хрватскиот тим.

Останати резултати:

Атлетико Мадрид – Јувентус 2-2
Баер Леверкузен – Локомотива Москва 1-2
Баерн Минхен – Црвена Звезда 3-0
Шахтер – Манчестер сити 0-3