Златан Ибрахимовиќ прогласен за новајлија на годината во МЛС

Златан Ибрахиовиќ го остави својот печат во МЛС-лигата откако летово се пресели во редовите на Лос Анџелес галакси од тимот на Манчестер јунајтед.

Ветеранот постигна неколку прекрасни голови со кои ги воодушеви сите во САД и Канада, но и целиoт свет. Швеѓанецот одигра 27 натпревари за Галакси и постигна 22 гола и подели 10 асистенции.