Зидан ја отфрли можноста да биде тренер на Манчестер Јунајтед, причината е бизарна

Зинедин Зидан ја одби можноста да биде тренер на Манчестер Јунајтед, а како причина го наведе слабото познавање на англискиот јазик.

Веќе три години францускиот стратег е без ангажман, го напушти Реал Мадрид во 2021 година и не се појавува често во јавноста. Сепак, неговото име медиумите често го поврзуваат ос Јувентус додека беше Алегри и Манчестер Јунајтед за каде што констатно се пишува за смена на Тен Хаг.

Сепак, 52-годишникот нема намера да седне на клупата на клуб во земја каде што не го знае јазикот доволно добро.

„Јас работам на поинаков начин, имам елементи кои треба да се исполнат за да работам во некој клуб. Еден од тие елементи е познавање на јазикот. Дали би работел во Манчестер Јунајтед? Англиски јазик разбирам, но не зборувам доволно течно. Знам дека има тренери кои одат во клубови каде што не го знаат јазикот, меѓутоа јас работам поинаку“, изјави Зидан.

Зидан во тренерската кариера беше тренер само на Реал Мадрид во два мандати и со „кралевите“ освои се што можеше да се освои.