Засилување за Барселона: Конечно се врати Ансу Фати
Барселона на својот официјален сајт потврди дека лекарскиот тим одобрил враќање на Фати и тој ќе конкурира за настап кој би бил прв под водство на Флик.
Фати ќе биде на списокот патници за Монако на отворањето на новата сезона и тоа ќе биде негово повратничко деби по позајмицата од Брајтон каде што исто така имаше проблеми со повредите.
Фати е дете на Барселона и дебитираше под водство на Ернесто Валверде, но од ноември 2020 година започнаа неговите проблеми со повредите.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Флик очекува да го врати во старата фрома и во него гледа потенцијално вреден играч за долгата сезона.