Роналдо покажа колку ги почитува своите фанови (ВИДЕО)

Изминатата вечер се играа натпревари во Лигата на Нации, а во нив Португалија славеше на гостински терен со 1:3.

Стрелци на погодоците за Португалците беа: Силва Роналдо и Бендарек кој си постигна автогол.

Роналдо така стигна до 906 гол во кариерата и 133 во дресот на Португалија, бројки кои што секако се за респект.

Но, португалскиот ас се истакна и со уште еден потег. Имено, во еден момент на теренот втрча детенце успеа да стигне до својот идол. Во тие моменти обезбедувањето сакаше да го тргне настрана, но Роналдо им порача да го остават да си ја исполни желбата..