
Ван Бастен збесна: Тоа е комедија, навивачите ги прават будали!
Со одобрение на УЕФА, првенствениот натпревар кој е закажан за декември ќе се игра во Мајами и тоа ќе биде преседан за Ла Лига.
УЕФА, досега одбиваше лигашки натпревари надвор од матичните земји, меѓутоа сега направи исклучок, исто како и за средбата од Серија А помеѓу Милан и Комо која ќе се игра во Австралија.
„Каква комедија! Не разбирам, тоа за мене е целосно лудо, навивачите ги прават будали. Тоа е недостаток на почит кон сопствените навивачи и земјата, Ла Лига само се посрамоти. Зошто едната екипа да игра на гости, другата не? Не е фер и го нарушува натпреварувањето. Таквите работи би требало да загрижуваат“, порача Ван Бастен.
Фото: FIFA