Ужас во Јамајка: Гром удри среде фудбалски меч, за среќа нема загинати (ВИДЕО)

Тројца фудбалери од Јамајка завршиле во болница, а за среќа никој не настрадал откако гром удрил во фудбалско игралиште за време на меч во оваа земја од Карибите.

Играле Јамајка Колеџ и Волмер Бојс, а шест минути пред крајот на мечот удрил гром, по што неколку фдбалери како покосени паднаа на теренот. Еден од фудбалерите бил во многу потешка состојба и неконтактибилен кога бил префрлен во болница, па морало да му се укаже брза помош. Друг пак имал силни болки во градите, но по прегледите и укажаната помош бил испратен на домашно лекување.

Теренс Френсис бил фудбалерот кој бпрактично бил бес свест по ударот на гром, но по лекарската интервенција се вратил во свесна состојба и комуникативен е, но не може да зборува.