Урнебесна приказна: Како Хрват му станал телохранител на Пеле во Њујорк Космос!

Најголемата бразилска легенда Пеле, кој завчера почина на 82-годишна возраст безмалку целата своја кариера ја мина во Сантош, откако Бразил го прогласи за национално богатство, па практично беше спречен да оди во Европа и после трите светски титули (1958, 1962 и1970), па дури во 1975 замина од татковината и две години играше во Њујорк Космос.

А, во САД, каде фудбалот допрва требаше да се популаризира и во Космос играше најголемата германска легенда Франц Бекенбауер, има една урнебесна приказна во која главен актер е Хрватот Анте Џонлиќ, кој во тие 70-ти години му беше соиграч на „кралот на фудбалот“.

Џонлик после смртта на Пеле откри еден урнебес како му станал телохранител на бразилскиот великан, откако го „претепал“ човекот задолжен за обезбедување на Бразилецот, кој работел во ЦИА.

„Јас во Космос дојдов пред Пеле, тогаш тој клуб беше непознат и потоа на еден тренинг гледам се спушта хеликоптер и од него излегува Пеле. Со неговото доаѓање се сè смени кога беше во прашање фудбалот во САД. Бев изненаден, а и возбуден, зашто се зборуваше дека Џорџ Бест ќе дојде, а дојде 'кралот на фудбалот'. Се зборуваше дека сè што заработил поделил на пријателите, па затоа дошол во САД за да заработи и за него“, вели Џонлиќ, па продолжува:

„Пеле беше толку скромен, нежен кон сите и постојано се смееше. Толку едноставен, а имаше сè – шут, друблинг, креативност, игра со глава... Само кога ќе го погледневте како беше граден – најголем! И Пеле имаше еден човек од обезбедување, кој работел во ЦИА. Еден ден ми вели да се тепам со неговиот човек од обезбедување. Кој ќе победи ќе му биде телохранител. А, јас висок 190 сантиметри, тежок 95 килограми, претходно тренирав карате... И победив! После тоа постојано излегував со Пеле, а тој со себе никогаш не носеше ни новчаник, ни пари – сè јас плаќав“.