Тијаго Силва: Пикси покажа непочитување кон Бразил

Легендарниот дефанзивец на Бразил, Тијаго Силва вели дека селекторот на Србија, Драган Стојковиќ - Пикси покажал непочитување кон него и неговите соиграчи кога рекол дека Бразилците имаа одлчиен напад, но одбраната не е на тоа ниво.

Бразил синоќа ја победи Србија со 2-0, командантот во одбраната Тијаго Силва и неговите соиграчи не дозволија Србите да создадат посериозна шанса за погодок.
 
И покрај тоа што има 38 години, Силва игра во страшна форма и за бразилската репрезентација и во Премиерлигата за Челси. Па дефанзивецот се најде погоден од зборовите на Пикси пред натпреварот.
„Слушнав дека српскиот селектор пред мечот изјавил дека Бразил има бројни одлични напаѓачи, но нема врвни фудбалери во одбраната. Тоа е недостаток на почит кон нашата историја, не само кон мене лично, туку кон сите соиграчи. Не бараме некој да се плаши од нас, но треба да има почит. Да го анализирате нашиот тим, ќе видите дека примивме многу малку голови, без разлика дали игравме со тројца или со четворица во последната линија“, изјави Тијаго Силва.