
Teшки обвинувања за Куртоа: Се забавува на јахти, а син му живее во распадната куќа
Во таа врска им се роди синот Енцо кој денес има седум години. Сега Елза објави апел за помош и изнесе обвинувања на сметка на својот поранешен љубовник.
„Куќата ни се распаѓа. Не можеме да живееме вака. Се плашам дека банката ќе ни ја одземе куќата секогаш кога некој ќе тропне на врата. Не сакам одеднаш да станеме бездомници“, изјави таа за англиски „Сан“.
Во меѓувреме „Билд“ објаснува дека Елса е во страв дека нејзината куќа може да биде запленета поради неподмирена хипотека во износ од 75.000 евра.
„Не можам даа разберам како Тибо патува со приватни авиони и се забавува на јахти, а притоа го остава своето дете во вакво опкружување. Сигурно дека може малку повеќе да се грижи“, порача Елса.
Ќе потсетиме, Куртоа летото 2023 година се ожени со својата девојка Мишел Герзиг на церемонија во Кан, а парот пред 11 месеци доби и ќерка.