Таткото на Модриќ се расплака: Тато се гордее со тебе!

Лука Модриќ е освојувач на „Златната топка“ за 2018 година, која му ја додели „Франс Фудбал“, па така хрватскиот капитен ги комплетираше индивидуалните награди.

На доделувањето на наградите во Париз беше и таткото на Модриќ, Стипе.

„Јас сум најгорд татко на светот. Ти си гениј. Твојата работа и посветеност... цело семејство се гордее со тебе. Среќен сум. Тато се гордее со тебе“, кажа Стипе.

Стипе во салата се расплака, како и на снимката од честитката која „Франс Фудбал“ ја подготви.